Земјоделците предлагаат решенија за проблемите со пласманот и штетите од климатските промени

Штети од климатските промени

Националната федерација на фармери денеска предложи мерки за надминување на проблемите со пласманот на производите и штетите  од климатските промени.

 

Бара почитување на законските одреди за договорното производство и почести инспекции, како и  поддршка  со мерки за заштита од климатските промени преку Националната програма за рурален развој, како и помош за технологии за постбербени активности, едуцирање на фармерите и нивно огранизирање во задруги.


Според Васка Мојсовска, претседател на Националната федерација на  фармери, повисоките проиозводни цени од откупните кај речиси сите производи во изминатиот  период го доведуваат во прашање натамошното производство, а ниската финансиска моќ ги ограничува во инвестициите за заштита од временските непогоди.


Стеван Орозовиќ, извршен директор на Националната федерација на фармери, смета дека повеќе од половина од проблемите на земјоделците ќе се решат ако се почитува  Законот за земјоделство и рурален развој кој предвидува договорно производство, со навремено склучување договори во која ситуација фармерите би знале што и колку да произведуваат.


Од Националната федерација  на фармери укажуваат дека доколку земјоделците од неготинско имале поставени заштитни мрежи ќе се избегнеле штетите од градот кој минатата недела уништи 70 проценти од посевите. Немоќни се, како што велат, да ги набават затоа што заштитна мрежа само хектар ги чини 12.000 евра.


Проблемите на змејоделците и мерките кои ги предлагаат за нивно надминување ќе бидат предмет на дебата и на Првиот  земјоделски форум на тема „Пазарни можности и климатски промени“, што се одржува денеска во организација на Националаната федерација на фармери.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.