Десет милиони евра за инвестиции на малите и средни претпријатија

Кредити за претпријатија

Охридска банка - Сосиете Женерал и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска потпишаа договор со кој на малите и средни претпријатија во Македонија им се ставаат на располагање 10 милиони евра повластени кредити за инвестиции, пишува МИА.


Како што рече министерот за финансии Драган Тевдовски, кој присуствува на потпишувањето, оваа кредитна линија претставува ликвидносна инјекција која ќе придонесе за придвижување на малите и средни претпријатија (МСП). За 15 отсто од инвестициите тие ќе добијат поврат на средствата во форма на гранд од ЕУ.


- Кредитната линија се реализира преку Програмата за поддршка на конкурентноста и иновативноста и е стимул за вложување во нови производни капацитети и отворање нови работни места, нагласи министерот.


Повикувајќи се на статистичките податоци, Тевдовски потсети дека 99 отсто од вкупниот број фирми во Македонија се мирко, мали и средни претпријатија. Тие се носители на 75 проценти од работните места и креираат околу 65 отсто од додадената вредност во Бруто-домашниот производ.


- Ако се земе ова предвид може да се заклучи дека малите и средни претпријатија се `рбетот на економијата. Затоа приоритет на Владата е нивна поддршка и подобрување на пристапот до финансии, потенцира Тевдовски.


Програмата за поддршка на конкурентноста е проектирана на 30 милиони евра, од кои шест милиони се грант од ЕУ. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.