„Те-ТО“ отвара лажен стежај за да не го плати долгон кон Топлификација

„Топлификација“ АД Скопје

„Топлификација“ АД Скопје ја обвини компанијата за комбинирано производство на топлинска енергија „ТЕ-ТО“ дека покренала стечај сама на себе, за да не го плати долгот кон Топлификација и тоа во период, кога по тригодишен период на лоши финансиски резултати, лани остварила добивка од 8 милиони евра.


Причина за овој судски процес во кој фирмата „ТЕ-ТО“ предлага стечај сама на себе е пресудата на Врховниот суд од 27 декември 2017 година, во која, Врховниот суд го прифаќа барањето на „Топлификација АД“, дека заемите дадени од „Топлификација АД“ на „ТЕ-ТО“ во периодот на градба на објектот се достасани и „ТЕ-ТО“ треба да и плати на „Топлификација“ АД околу 6,3 милиони евра главен долг, а со камата, „ТЕ-ТО“ треба да и плати на „Топлификација“ 11,4 милиони евра. Имајќи предвид дека оваа тужба на „Топлификација“ е за дел од заемите дадени во периодот на градба на објектот, вкупниот долг на „ТЕ- ТО“ кон „Топлификација“ ќе биде над 30 милиони евра со камати пресметани до 1 март 2018 година. Доколку оваа стечајна постапка на „ТЕ-ТО“ се реализира, како што е замислена, штетата на „Топлификација“ ќе биде над 30 милиони евра – рече денеска директорот на „Топлификација“ АД, Димитар Хаџи-Мишев.


Тој додаде дека имајќи предвид дека дел од побарувањата на „Топлификација“ од „ТЕ-ТО“ се реинвестирани кредити кои „Топлификација“ ги добила од „Комерцијална банка“, доколку се реализира стечајот како што е замислен, сериозни штети може да има и банката-кредитор.


Овој судски спор, како што рече Хаџи-Мишев, нема да се одрази на испораката на топлинска енергија кон граѓаните, но неисплаќањето на 30 милиони евра ќе има сериозно влијание врз работењето на компанијата.


Истовремено, советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Драгана Велковска, денеска на Совет на Град Скопје побара да се тргне од дневен ред точката за пренамена на пари од буџетот на Градот во висина од 15,5 милиони денари за основачки влог за новото АД за енергетски дејности.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.