Продолжен рокот за приватизација на земјиште, изгласани законските измени

Собранието ги донесе измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, со кои до 31 декември 2021 година се пролонгира рокот за поднесување барање за приватизација на земјиштето.

Осум дена по објавувањето на измените на Законот во Службен весник, граѓаните повторно ќе можат да поднесуваат барања за приватизација на земјиште во државна сопственост.

 

Рокот за поднесување барања по тој основ истече на 15 декември 2014 година.

 

Од Министерството за финансии велат дека со овој закон се излегува во пресрет на граѓаните и нивните барања. Продолжувањето на рокот е резултат на реакции од граѓани кои не успеале да поднесат барање за приватизација во изминатиот период.

 

Со законските измени, воедно се одложува и примената на одредбите од Законот кои се однесуваат на воспоставување закуп на градежно земјиште кое не е приватизирано.

 

Исто така, до крајот на 2022 година се пролонгира рокот за поднесување пријава за промена од корисничко право во право на сопственост пред Агенцијата за катастар на недвижности.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.