Први грантови за домашните компании од владиниот План за економски раст

На претставници на микро, мали и средни претпријатија денеска ќе бидат доделени грантови за финансирање на проектите со кои аплицираа на повикот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) со што почна примената на мерките од третиот столб на владиниот План за економски раст.

 

Со повикот се предвидува до крајот на годинава да бидат доделени 10,5 милиони евра за кофинансирање со четири мерки.

 

Првата мерка е за брзорастечки компании и „газели“ на кои им се нудат по 10 милиони денари, односно 30 отсто од вкупно вложените средства за набавка на нова опрема и финансирање на развој на нова технологија. Се однесува на компании со до 250 вработени и минимални годишни приходи од три милиони денари.

 

Со втората мерка се опфатени микро компании до пет вработени и годишен приход од три милиони денари, а им се нудат до пет милиони или 30 отсто за набавка на технологии и изградба на хали.Третата е за компании со доминантна сопственост на македонски граѓани на кои добиваат до 20 милиони денари или 70 отсто од вкупниот износ на инвестирани средства за инвестициски развој и маркетинг, а четвртата е за поддршка на млади до 29 години за усовршување во странство за што државата им нуди до милион денари.

 

Грантовите на избраните компании ќе им ги доделат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.