Со СДСМ лозарите добиваат уште поголема поддршка, велат од оваа партија.
 

Цените на недвижностите драстично паѓаат во Германија

Цените на комерцијалните недвижности во Германија нагло паднаа во четвртиот квартал од 2023 година, покажаа податоците од банкарската асоцијација ВДП, откривајќи го влијанието на повисоките трошоци за финансирање и изградба. Во периодот од октомври до декември цените биле за 12,1 отсто пониски во однос на истиот период во 2022 година, пресметале од здружението. Ова е најголем пад откако ВДП ги објавува податоците.
 
Пред три дена беше објавено дека акциите на „Мета“ пораснале 20 %, пренесува „Волстрит џурнал“. Нивната цена на акциите се зголеми речиси тројно во текот на изминатата година. Пазарната вредност на „Мета“ сега повторно надмина трилион долари ставајќи ја на исто ниво со гигантите како „Епл“, „Мајкрософт“, „Амазон“, „Нвидија“ и „Гугл“.
 
„СДСМ од оваа година спроведува нови мерки за унапредување на лозарскиот сектор и поголема поддршка за лозарите. 60.000 денари по хектар, вкупна поддршка, за семејни земјоделски стопанства, кои го произвеле и продале винското грозје, врз основа на склучен договор со регистриран производител на вино, со принос од најмногу 10.000 килограми по хектар и исплатена цена по килограм не пониска од 35 денари“, соопшти СДСМ.
 
Грчките власти неодамна уапсија татко и син во близина на Солун и ги обвинија дека продавале сончогледово масло означено како маслиново масло.
 
„Епл“ објави дека генерирал 119,6 милијарди долари во продажба и 33,92 милијарди долари профит во првиот квартал од својата фискална година, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите, но цената на акциите сепак паднала, бидејќи инвеститорите биле разочарани од приходите од продажба на кинескиот пазар на паметни телефони, глобално најконкурентните, каде што се соочува со конкуренција од „Хуавеи“.
 
Министерот за економија, Крешник Бектеши, нема конкретно објаснување зошто корисниците од првиот и вториот блок, за кои ветуваше дека ќе добијат пониски сметки за струја, за декември се пожалија дека добиле безмалку двојно повисоки сметки. Ги повика сите што се сомневаат во сметката да се пожалат во Регулаторната комисија за енергетика.
 

Бензините и дизелот поскапуваат 1,5 денар

Регулаторната комисија за енергетика соопштува дека од полноќ бензините и дизелот поскапуваат 1,5 денар.
 
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) даде високи оценки за монетарната политика, финансискиот и надворешниот сектор, девизниот курс, како и за квалитетот на податоците, коишто се во рамки на надлежностите на Народната банка, а кои се предуслов за квалификување за Кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ).
 
„Економските мерки и политики на СДСМ создаваат услови за нови инвестиции, поволен деловен амбиент за инвеститорите и нови и подобро платени работни места. Потврда е влегувањето на македонскиот пазар на трговскиот ланец Лидл, препознатлив во регионот и светот по својот квалитет и цена“, соопшти СДСМ.
 
Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска оствари средба со директорката на Светската банка за Западен Балкан, Шијаочин Ју, и директорот на Канцеларијата на Светската банка за Северна Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи.
 
Во декемвриските сметки за струја граѓаните веќе го имаат надоместокот од 200 денари за мрежарина но истиот надоместок ќе биде тргнат во месец јануари, информираше првиот човек на РКЕ Марко Бислимоски.
 
ГСОЛ, швајцарскиот фонд сопственик на фарбриките „Еуроникел“ во Кавадарци и „Фалкондо“ во Доминиканстата Република, навлече дополнителен гнев кај кавадарчани откога на вработените во „Фалкондо“ им исплати 13. палата и дел од јануарската плата, над 800 вработени во „Еуроникел“ ги остави уште да ги чекаат трите неисплатени плати за лани, а до крајот на месецот ќе бидат четири неисплатени плати.
 
До 1 јули ќе има субвенција од страна на Владата директно преку ЕСМ со утврдување на нивната цена со која се продава електричната енергија и нема да има зголемување на цената во првиот и вториот блок, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.
 
Пакет-мерката за замрзнати цени ќе важи до крајот на февруари. Ова го посочи министерот за економија Крешник Бектеши и рече дека ќе предложат до Собранието ново законско решение за нефер трговски практики, кој е целосно усогласен со директивите на ЕУ, со цел да не се дава можност за злоупотреба од страна на трговците.
 

Цената на бензинот се намалува, на дизелот се зголемува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64% во однос на одлуката од 9.1.2024 година.
 
В.Д. Директорката на Секретаријатот на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА), Данијела Гачевиќ, во своето обраќање на вчерашниот состанок на лидерите од регионот посветен на Планот за раст на Западен Балкан ја нагласи клучната улога на ЦЕФТА во унапредувањето на иницијативата за Заеднички регионален пазар и поттикнување поблиски врски меѓу економиите од Западен Балкан и единствениот пазар на ЕУ.
 
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) вели дека е срамен, недемократски и насилнички начинот на кој Комисијата за европски прашања без суштинска дебата и без гласање за клучниот амандман од кој зависи судбината на 10 илјади луѓе ја заклучи расправата по Законот за игри на среќа.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.