Утре без вода ќе остане дел од Општина Бутел

Утре без вода дел од Бутел

Утре од 9 часот без вода за пиење ќе останат корисниците од улиците „Хо Ши Мин“, „Рудо“, „Натаниел Кучевишки“, „Краишка“, „Марко Крале“, „Габница“, „Приштинска“, „Лапушник“ и „Зуфер Мусиќ“ во Општина Бутел.

 

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е промена на затворач на водоводна мрежа на крстосницата од улиците „Хо Ши Мин“ и „Рудо“. Корисниците ќе бидат без вода се додека екипата на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не заврши со интервенцијата. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.