Освојувачот на бронзен медал во таеквондо, на прием кај градоначалникот Латиновски

Патре Латиновски

Младиот таеквондо спортист, Дејан Георгиевски кој на последното Европско првенство во Софија, Бугарија го освои третото место и бронзениот медал, денеска беше примен од градоначалникот на општина Бутел, Патре Латиновски.

 

За освоениот медал Георгиевски, кој потекнува од општина Бутел и е член на таеквондо клубот ,,Бутел,, доби честитки од градоначалникот Латиновски. 

 

Честитки за историскиот прв медал за Македонија на едно ЕП, доби и основачот и тренер на таеквондо клубот ,,Бутел,, а сега и селектор на македонскиот тим, Дарко Костовски.

 

Освен благодарницата, седумнаестгодишниот Дејан Гергиевски ќе добие и соодветна еднократна финансиска награда што ќе му биде добредојдена за подготовките на претстојното светско првенство во Кореја.

 

Инаку, Дејан очекувал да освои злато, но повредата на  стапалото го спречила во тоа. Сега останува ногата која е во лонгета и видно отечена брзо да заздрави, зашто го очекуваат две големи натпреварувања и нова шанса за поголеми успеси.

 

Селекторот на македонската репрезентација во  таеквондо, Дарко Костовски, му се заблагодари на градоначалникот Латиновски за несебичната поддршка во развојот на таеквондо спортот во општина Бутел и изрази надеж дека нашите спортисти нема да ги гледаме само на европските и светските првенства, туку се големи шансите да биде обезбеден пласман и на претстојните олимписки игри во Токио.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.