Прекрасна велигденска приказна во дворот на семејството Тодорови во Општина Бутел

Празнично украсен двор

Прекрасна велигденска приказна можеше да се забележи во дворот на семејството Тодорови во Општина Бутел, кои се познати по прекрасно уредениот двор во текот на целата година, а особено за поголемите празници. По добиената награда за трите најубаво новогодишни украсени дворови, Сашо Тодоров и за празникот Велигден својот двор го претвори во вистинска велидгенска бајка.

 

Градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски го посети празнично украсениот двор на семејството Тодорови кои се многу креативни кога станува збор за нивниот дом и просторот околу куќата. Дворот на Сашо Тодоров претставува прекрасна глетка во текот на целата година, а особено за поголемите празници. Дворот на семејството Тодорови за време на велигденските празници претставуваше вистинска атракција за сите кои поминуваа пред нивната куќа и се сликаа во прекрасно украсениот двор со велигденска приказна. 

 

Сашо Тодоров, сопственикот и виновникот за велигденското украсување на дворот  е повеќе пати наградуван на традиционалниот општински избор за најубаво украсен двор по повод новогодишните и божиќни празници. При врачувањето на годинешната награда тој спомена дека ќе се обиде украсувањето да го направи и за големиот христијански празник, Велигден и вели дека голем број граѓани застанувале да се сликаат во дворот без разлика на етничката припадност.

 

Градоначалникот Латиновски изрази голема благодарност за посветеноста на Сашо Тодоров и за тоа што е пример за сите граѓани на општина Бутел како треба да се уредува просторот во кој се живее, но и како треба да се сака и негува традицијата.По тој повод му врачи на Тодоров благодарница за особен придонес во разубавувањето на општина Бутел.

 

Градоначалникот Латиновски истакна дека доколку има интерес од страна на жителите и за велигденско украсување на дворовите, општината ќе распише конкурс и ќе ги избира најубаво украсените дворови, како што го прави тоа за новогодишните празници. Сашо Тодоров се заблагодари и истакна дека ова внимание ќе му биде поттик за натамошно декорирање на просторот околу неговата куќа и е посебно почестен од посетата на градоначалникот Латиновски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.