На местото на старите бараки, ќе се градат социјални станови

Згради за социјални семејства

На местото на старите бараки во општина Бутел, ќе се градат згради за вкупно 360 социјални семејства. Едно од петте семејства кои во моментов се сместени во бараките, а се жители на општина Бутел, ќе го згрижи општината.

 

Откако неодамна започна рушењето на старите бараки  во близина на подвозникот во општина Бутел, во дел од медиумите се појавија шпекулации дека на местото на бараките ќе се гради трговски центар, а семејствата кои досега таму наоѓаа засолниште ќе останат на улица. Со цел да стави крај на ширењето на неточни информации денеска градоначалникот на о. Бутел, Петре Латиновски на прес конференција информираше дека земјиштето на кое се наоѓаат бараките е вратено на сопствениците по пат на денационализација, и не е познато дали истото е отуѓено или не. Исто така Латиновски демантира дека во моментов таму се сместени 40 семејства, нивниот број изнесува 5 семејства, од кои за едно општината ќе обезбеди сместување во соодветни услови, додека за останатите ги повикува останатите служби да преземат конкретни мерки.

 

Според деталниот урбанистички план на општината, на местото на бараките, нема да се гради трговски центар како што шпекулираа некои медиуми, туку на оваа земјиште ќе се градат 360 социјални станови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.