Во тек е седмата ликовна колонија ,,Љубанци 2017,,

,,Љубанци 2017,,

Во рамките на седмата ликовна колонија Љубанци 2017 денеска се одржа детскиот ликовен ден на кој учествуваа дваесетина најталентирани деца од основните училишта во општината. Тие имаа можност денеска да се дружат со реномирани ликовни уметници кои исто така се учесници на оваа ликовна колонија.

 

Претставници од Општина Бутел денеска ја посетија седмата ликовна колонија ,,Љубанци 2017,,. која се одржува во ОУ ,,Гоце Делчев,, во с. Љубанци. Тие се сретна со дваесетина реномирани ликовни уметници што учествуваат на овогодинешната ликовна колонија, меѓу кои Данчо Ордев, Сашо Поповски, Новица Трајковски, Стефан Хаџи Николов, Драган Најденовски, Илија Богоевски, Владимир Лазоски, Ристо Андреев, Орце Гогов, Харалампие Манчев и др. Во рамките на Ликовната колонија се одржа и детскиот ликовен ден, на кој учествуваа дваесет најталентирани ученици, претставници од седумте основни училишта од општината, кои заедно твореа со реномираните уметници и ликовни педагози. Најубавите три детски цртежи ќе бидат наградени и изложени на ликовната изложба на делата создадени на оваа ликовна колонија.


По четвртипат на ликовната колонија ,,Љубанци 2017,, учествуваат и повеќе автори од неколку градови од Србија-Белград, Врање и Ниш. Митар Ристиќ од Врање кој прв пат учествува на оваа ликовна колонија и зборува за импресиите од организацијата и гостопримството.


Седмата ликовна колонија ,,Љубанци 2017,, на која учествуваат дваесетина реномирани ликовни уметници од земјата и странство, почна со работа во саботата. Во текот на оваа колонија ќе бидат создадни околу триесетина уметнички слики, главно со мотиви од старата љубанска архитектура и убавините на Скопска Црна Гора.


И годинава, неколку уметници работат и скулптури во дрво. Организатор на ликовната колонијата е Општина Бутел во соработка со Здружението на ликовни педагози на Град Скопје. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел, а ОУ ,,Гоце Делчев,, е задолжено за престојот на уметниците.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.