Темелна реконструкција на ул. „5" во Визбегово

Ул. „5" - Визбегово

Денеска започна темелната реконструкција на улицата „5“ во Визбегово. 


Стартот на реконструкцијата го означи градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски, кој нагласи дека станува збор за една од позначајните улици во селото со должина од 2.100 метри која по темелната реконструкција ќе добие комплетно нов лик, а жителите на Визбегово современа и функционална сообраќајница.


Реконструкцијата ќе опфати: вадење на постојниот асфсалт, ископ, изработка на долен и горен слој, изработка на тротоари, систем на одводнување, асфалтирање на сите шест оски... Ширинат на оските на улицата ќе изнесуваат од 3,5 до 4 метри во зависност од просторните и теренските ограничувања, со тротоар со ширина од еден метар од едната страна на коловозот каде што дозволува теренот.


Овој проект ќе чини над 220 000 евра, средства обезбедени од буџетот на општина Бутел, а изведувач на работите е Вардарградба од Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.