Се гради тротоар на патот Радишани - Побожје

Радишани - Побожје

Нов тротоар во должина од 500 метри се гради во населеното место Радишани на патот кој води кон населеното место Побожје, во непосредна близина на селските гробишта.

 

Општина Бутел деновиве започна со градежни активности за изградба на тротоар во горна зона на населеното место Радишани на патот кој води кон населеното место Побожје, во непосредна близина на селските гробишта. Тротоарот ќе биде во должина од 500 метри а широчината ќе биде од 1,2 - 2 метри во зависност од просторните услови. Тротоарот ќе биде изграден од бекатон плочки и ќе се постават нови рабници. Градоначалникот на Општина Бутел Петре Латиновски истакна дека оваа улица е многу фрекфентна, па поради тоа неопходна е изградбата на тротоар кој ќе ја зголеми безбедноста на пешаците.


Овој проект ќе чини над 1 600 000 денари а средствата се обезбедени од буџетот на општина Бутел.


Изведувач на градежните работи е фирмата Ју -– Бај од Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.