Реконструирани 6 улици во Радишани

Реконструирани 6 улици во Радишани

Општина Бутел летниот период интензивно го користи за подобрување на патната инфраструктура. За таа цел извршена е реконструкција на 6 улици во Радишани.

 

Деновиве, општина Бутел интензивно работи на темелна реконструкција на шест улици во Радишани.


Целосно е завршена улицата ,,18,, во должина од 180 метри со широчина од 3,5 м.


Темелната реконструкција на оваа улица чинеше 1 300 000 ден. а средствата се обезбедени од буџетот на општина Бутел.


Градоначалникот на Општина Бутел Петре Латиновски истакна дека општината активно го користи летниот период са подобрување на патната инфраструктура и потенцираше дека од осамостојувањето на Општина Бутел досега асфалтирани се патишта во должина од околу 30 километри.


Од буџетот на општината се обезбедени средства и за останатите 5 улици: 50, 42, 60, 7 и Бел Камен со вкупна должина од над 1 350 метри, во висина од 9 100 000 ден.


Изведувачи на овие проекти се фирмите од Скопје ,,Филип инженеринг,, и ,,Улици и патишта,,.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.