Отчет на градоначалникот на општина Бутел Петре Латиновски

Петре Латиновски

Реализирани три пати повеќе проекти од ветените во изминативе четири години, во општина Бутел, меѓу кои изградба и реконструкција на улици, училишта, градинки, паркови и плоштади.

 

Општина Бутел, иако најмала општина во рамки на Град Скопје и една од посиромашните во Република Македонија, во изминатите четири години има реализирано над 230 проекти. Тоа е три пати повеќе од бројот на проектите што се ветени, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Бутел Петре Латиновски.Меѓу позначајните ги истакна реконструкцијата и изградбата на улиците во должина од 32. 964 метри квадратни. Посочи дека голем дел од реализираните проекти произлегле од идеите и барања на граѓаните.



Латиновски нагласи дека на десетици километри е поставено ново улично осветлување, изградени се нови тротоари, донесени се ДУП-ови, завршни се легализации на дивоизградените објекти, реализирани се повеќе проекти од културата...


Во делот на образованието Латиновски нагласи дека се реконструирани шесте основни училишта и двете детски градинки во Бутел 2 и Скопје Север. Од поголемите реализирани проекти ги издвои новото основно училиште „Живко Брајковски“, новата градинка во населбата Радишани.

 

Елизабета Дамјаноска Спасеновска

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.