Општина Бутел годинава со нови 550 првачиња

Општина Бутел

550 првачиња од општина Бутел денеска ја започнаа новата учебна година. Со цел овозможување на квалитетни услови за работа локалната самоуправа летниот период го искористи за реконструктивни зафати во училиштето Ацо Шопов, каде што денеска се одржа централната свеченост.


Оваа учебна година седумте основни училишта кои се наоѓаат на територија на општина Бутел подготвени ги дочекаа учениците во реконструирани простории. Вкуппно 5. 600 ученици ја започнаа новата учебна година, од кои 550 првачиња. Во ОУ Ацо Шопов денеска по повод првиот училишен ден се одржа приредба за добредојде на новите 110 првачиња. Како што истакна денеска градоначалникот на општина Бутел Петре Латиновски во текот на летниот период во ова училиште се направија големи градежни зафати, кои вклучуваат нови прозори, реконструкција на фискултурна сала, поправка на кровот, како комплетна промена на инвентарот во училниците. Со тоа, се овозможени одлични услови за одржување на воспитно образовниот процес, додаде Латиновски.

 

Градоначалникот исто така нагласи дека локалната самоуправа, заедно со раководството на училиштата ќе соработуваат со родителите со цел постигнување на високи резултати на учениците.

 

Благодарност за целата инвестиција и за подобрените услови за учениците изрази директорката на ОУ Ацо Шопов, Снежана Петреска, при што на ичениците им посака успешен старт на учебната година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.