Велимир Смилевски од денеска официјално на градоначалничкото место во Општина Бутел

Општина Бутел

Денеска во Општина Бутел се изврши примопредавање на финкцијата градоначалник на општината меѓу досегашниот градоначалник Петре Латиновски и новиот градоначалник Велимир Смилевски од СДСМ кој од денеска официјално ја презема оваа функција. Тој најави дека прво ќе започне со чистење на општината па потоа со сите други проекти кои ги ветиле во кампањата.

 

Новиот градоначалник на Општина Бутел Велимир Смилевски од денеска официјално застана на чело на Општината. Тој функцијата ја презеде од досегашниот градоначалник Петре Латиновски кој 12 години ја водеше оваа општина. Латиновски на новиот градоначалник му посака успех во работата и завршување на проектите кои досега не се завршени и потенцираше дека тој кога ја преземал оваа функција немал ниту канцеларија, за разлика од сега што на новиот градоначалник му остава поволни услови за работа.


Ново избраниот градоначалник Велимир Смилевски истакна дека првата работа со која ќе започне е чистење на општината, а потоа уличното осветлување, чистење на коритото на реката Серава и сите останати проекти кои се ветени во предизборната кампања.


Исто така денеска во просториите на Општина Бутел беа доделени и уверенијата на новите членови на Советот на Општина Бутел, од кои по 8 советници имаат партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и по еден советник имаат БЕСА, Алијанса на албанците и ДУИ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.