Акција за чистење на ул.Рокомија и пред ОУ ,,Панајот Гиновски,, во Општина Бутел

Чистење во Општина Бутел

Екипи од Општина Бутел денеска спроведоа акција за чистење на ул. Рокомија и пред дворот на ОУ ,,Панајот Гиновски. Исто така во оваа општина од утере започнува и големата акција за чистење на градот која ја најави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

 

Денеска во Општина Бутел се спроведе акција за чистење на две локации. Како што информираат од општината екипите на Општина Бутел во акцијата го собраа отпадот од улцата Рокомија и пред улилишниот двор на Панајот Гиновски, по што и двете локации добија нов лик. Исто така на територија на Општина Бутел утре и задутре ќе се спроведува голема акција за чистење на општината која ја најави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, а ќе се спроведува во наредните 20 дена во сите скопски општини.


Од Општина Бутел упатуваат и апел до граѓаните на општината да го фрлаат отпадот на места определени за тоа, со што ќе го дадат својот придонес за чиста и здрава животна средина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.