Во Бутел се одвива голема еколошка акцијата

Еколошка акција во Бутел

Во големата акција на чистење на Скопје, која вчера почна во општина Бутел, собрани се 300 метри кубни смет, шут и искастрена дрвна маса. Исчистени се 220 сливници и 78 шахти, а направено е издувување на канализациски линии во должина од 3.120 метри.


Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски информира дека се работи на шест пунктови Бутел 1, Бутел 2, Радишани, населбата и селото, Скопје Север и Визбегово.

 

Во акцијата изметени и измиени се главните сообраќајници и поголемите сервисни улици кои се во надлежност на општина Бутел. Чистењето денеска продолжува на неколку локации: кај Скопската обиколница, кај Градските гробишта Бутел, Визбегово, Скопје Север, Радишани, Бутел 2 и Кучевишка Бара.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.