Одбележани 108 години од раѓањето на Никола Јонков Вапцаров

108 години од раѓањето на Вапцаров

Со низа активности денеска се одбележа 108 годишнината од раѓањето на поетот и револуционер Никола Јонков Вапцаров. Одбележувањето започна со положување на цвеќе пред споменикот на Вапцаров. Цвеќе положија градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски, здруженија, директори, граѓани на општина Бутел.

 

По положувањето на цвеќе ученици од основните училиште се претставија со една музичка точка. Градоначалникот Смилевски рече дека во наредните години овој повод ќе биде носител на повеќе активности во училиштата.


Никола Јонков Вапцаров е македонски поет и револуционер. Релативно млад започнува да се пројавува како литерат. Во 1938 година, заедно со Антон Попов и Михаил Сматракалев во Софија го основаат Македонскиот литературен кружок. Пишувал главно поезија, на бугарски јазик. Се вклучил во антифашистичкиот отпор и како учесник во илегална организација за диверзии против профашистичкиот режим на царот Борис, во 1942 година е затворен, осуден на смрт и стрелан во Софија. Автор е на две поетски збирки: Моторни песни и посмртно објавената Антологија. По Втората светска војна, Вапцаров како дводомен автор, бугарски и македонски, чии стихови и други творби, покрај високите уметнички дострели, имаат посебно значење за Македонија, доживува литературна слава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.