Најубаво украсен двор ќе избира о. Бутел

Најубаво украсен двор

Седма година по ред општина Бутел ќе избира најубаво украсен двор по повод новогодишните и божиќните празници. Пријавите граѓаните можат да ги достават на шалтерот 1 во архивата на општина Бутел, на телефоните на општина Бутел како и на меил адреса.


Во пријавите граѓаните треба да остават лични податоци - име и презиме, адреса и контакт телефон, најдоцна до 27 декември.


Потоа, комисија составена од повеќе членови од општинската администрација ќе ги посети пријавените, по што ќе бидат избрани и прогласени трите најубаво украсени куќи и дворови, што ќе бидат наградени.


Наградите за најубаво раскажаните новогодишни приказни со помош на украси и светилки, ќе бидат доделени на 4 јануари идната година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.