Акција за чистење на Скопскиот аквадукт во Визбегово

Чистење на Скопскиот аквадукт

Денеска некој го слави празникот на виното, некој празникот на љубовта а Здружението на стопанственици ја слави екологијата. Во околината на скопскиот аквадукт се одржа акција за чистење на околината.

 

Акцијата ќе се одржува неколку дена а е на иницијатива на Здружението на стопанственици на индустриска зона Визбегово. Оваа акција е поддржана и од Општина Бутел, од Град Скопје, Комунална хигиена, Паркови и зеленило, а чистеа и претставници од Центар за заштита на културни споменици и бизнис заедницата.


Тања Кроневска член на здружението информираше дека во индустриската зона Визбегово има повеќе од 200 компании во кои работат над 5.000 лица.


На акцијата за чистење присуствиваше и градоначалникот на о. Бутел Велимир Смилевски кој рече дека со оваа акција се покажа дека сеуште во Скопје има општествено одговорни компании.


За акцијата компаниите од индустриската зона Визбегово обезбедија соодветна механизација за собирање на отпадот, како и лица кои ќе помогнат во чистење на Скопскиот аквадукт.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.