Во о. Бутел ќе се формира Локален совет за превенција

Општина Бутел

Советниците од Советот на општина Бутел на денешната седница донесоа одлука за формирање на Локален Совет за превенција. На оваа одлука и претходеше дискусијата на советниците и видео презентација на претставници од МВР и од ОБСЕ.

 

Локалниот Совет за превенција ќе брои 18 членови, а ќе биде предводен од градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски и од командирот на полициската станица во Бутел. Целта на Локалниот Совет за превенција е да се подобри јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот во општината, како и да се изгради доверба и партнерски однос помеѓу повеќе чинители во општината и општеството.


На денешната седница исто така беше донесена одлука за распишување на јавен повик за членови на Советот на млади на општина Бутел. Со одлука на Советот двете спортски сали во Радишани и во Живко Брајковски се ставаат во надлежност на Општина Бутел.


Советниците од о. Бутел на денешната седница ги усвоија сите предвидени точки од дневниот ред.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.