Бесплатни лекарски прегледи за жените од општина Бутел по повод 8-ми Март

Бесплатни лекарски прегледи

По повод 8-ми Март, општина Бутел денеска организира целодневна манифестација „Вистинска грижа за жените, еден поинаков 8-ми Март“ чија цел е да се зголеми свеста за континуирана заштита на  здравјето на жената и здравјето на семејството. 


Доктори специјалисти ќе прегледаат над 200 жени од администрацијата и други жителки од општината. Направени ќе им бидат тумор маркери, физичко прегледување на градите, проверка на шеќер и маснотии во крвта,...


Ќе биде одржано и предавањеза самопреглед на жените, за неопходноста од редовното правење ЕХО, мамографски прегледи на дојка, ПАП тестови,...


На манифестацијата обраќање ќе има градоначалникот Велимир Смилевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.