Мерна станица за воздух во Бутел

Мерна станица за воздух во Бутел

Во дворот на ООУ Живко Брајковски во Општина Бутел денеска беше пуштена во употреба нова мобилна мерна станица за квалитетот на воздухот, во рамки на проектот "ЕУ за ТЕБЕ". Оваа мерна станица е дел од националната мрежа за автоматски мониторинг на квалитетот на воздухот. Општина Бутел е првата општина што ќе ја користи мобилната мерна станица за следење на квалитетот на воздухот, која секоја година ќе биде прелоцирана во различна општина.


Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки истакна, за де бидеме во состојба да го чуваме добро квалитетот на воздухот треба да имаме сеопфатна и точна слика за неговата состојба.


-Имајќи во предвид дека прашањето за квалитетот на амбиенталниот воздух е актуелно прашање веќе подолг период, како предизвик за кој што е неопходен еден системски и интегриран пристап, ја потенцира важноста од ставање во употреба на оваа мерна станица во општина која што се наоѓа на територија на Градот Скопје, истакна градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој додаде дека системскиот пристап за решавање на проблемот со загадувањето е заедничка обврска на градската администрација, на државните органи, министерството како и на секој граѓанин поединечно, затоа заедно со централната власт и граѓанскиот сектор треба да обезбедиме динамични решенија во консултација со стручната јавност.


Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски се заблагодари за поставувањето на оваа месна станица каде, како што рече, жителите на Бутел ќе имаат целосен приказ што се случува во Општина Бутел.


Мерната станица е поставена во дворот на ООУ Живко Брајковски во општина Бутел а корисник на овој проект е Министерството за животна средина и просторно планирање, со вкупна вредност од 272,000 евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.