Отворена манифестацијата "Цветници 2018" во о. Бутел

"Цветници 2018"

Од денеска до 20 април во Општина Бутел ќе биде отворена изложбата на народни носии од Скопска Блатија и Скопска Црна Гора на колекционерката Достана Караѓозовска Станковска.

 

Изложбата е во рамки на манифестацијата "Цветници 2018" а посетителите имаат можност да ги видат уникатните 30 народни носии кои се дел од големата колекција што ја поседува Караѓозовска Станковска. На манифестацијата присуствуваше и градоначалникот на Општината Велимир Смилевски кој истакна дека целта на оваа манифестација е да се заштити културното наследство на нашите предци.


Колекционерката Достана Караѓозовска Станковска рече дека во својата колекција има голем број на народни носии кои ги собира веќе 30 години.


Покрај народните носии на етно изложбата беа презентирани и ракотворбите на членовите на ЗУР Арти Крафт, инспирирани од народното богатство на Македонија. Една од изложувачите е Билјана Шуковска која изработува шишиња, чаши, рамки за слики и други предмети од слама. Како што вели Шуковска многу е потешко да се најде сламата отколку да се изработи едно шише со истата.


Свеченото отворање на етно изложбата беше збогатено со настапот на членовите на КУД ,,Плетеница,, под раководство на Жаклина Богдановска и со повеќе изворни народни песни во изведба на хорот и оркестарот на Здружението на пензионерите на Општина Бутел.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.