Живописното Љубанци ќе биде претставено на ликовна изложба во Бутел

Ликовна изложба во Бутел

Околу 50 дела на 28 ликовни уметници учесници на последните три одржани ликовни колонии ,,Љубанци 2015/16/17 година ќе бидат изложени на ликовната изложба која ќе биде отворена утре во Општина Бутел.

 

Љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да видат: 44 слики, два релјефа во дрво, три скулптури во дрво и една скулптура во мермер.


Како што информираат од Општина Бутел на изминатите три ликовни колонии, покрај нашите реномирани ликовни уметници како што се: Данчо Ордев, Владимир Лазоски, Орце Гогов, Новица Трајковски, Харалампие Манчев и други, сликаа и уметници од Србија, Словенија и Босна и Херцеговина. Како што најавија од Бутел на изложбата ќе биде промовиран специјално подготвениот каталог во кој се презентирани уметниците и нивните дела.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.