Старата архитектура на Љубанци преку платното на ликовните уметници

Изложба во Општина Бутел

Најубавите и атрактивни ликови дела собрани од последните три ликовни колонии што се одржуваа во Љубанци се изложени во Општина Бутел. Изложени се 50 дела на 28 реномирани ликовни уметници од Македонија и странство кои се редовни учесници на сите ликовни колонии што се одржуваа во т.н. живописно Љубанци.

 

Љубителите на ликовната уметност имаа можност да видат 44 слики, два релјефа во дрво, три скулптури во дрво и една скулптура во мермер. На изложбата присуствуваше и градоначалникот Велимир Смилевски кој рече дека е задоволен од големиот број и квалитетот на уметнички дела. Градоначалникот Смилевски додаде дека негувањето на ликовната традиција во Општина Бутел ќе продолжи и понатаму.


Во моментов течат подготовките за осмата ликовна колонија ,,Љубанци 2018,, што ќе се одржи во јуни, а имаат најавено учество реномирани ликовни уметници од Македонија и од Србија, Словенија и Боснаи Херцеговина. Еден од редовните учесници на ликовните колонии во Љубанци е реномираниот ликовен уметник Владимир Лазоски кој рече дека Љубанци плени со својата убавина од каде може да се добие голема инспирација за создавање на врвни уметнички дела. Покрај уметничките дела на изложбата беше промовиран специјално подготвениот каталог во кој се презентирани уметниците и нивните дела, а за сите љубители на ликовната уметност изложбата ќе биде отворена до 04 мај. Атмосферата на ликовната изложба беше збогатена со настапот на гудачкиот квартет ,,Полихимнија,, од Скопје.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.