Се намалува цената на тезгите на пазарот кои ги издава Општина Бутел

Општина Бутел

Граѓаните кои закупуваат тезги на пазарот во Општина Бутел кои се во сопственост на општината ќе плаќаат 600 денари помалку.

 

Одлуката за намалување на цената на закупот на тезгите од досегашните 1.500 на 900 денари е донесена на денешната седница на совет, а исто така значајно за Општина Бутел е и прифаќањето на иницијативите од граѓани за промена на планска документација за кја трошоците ќе ги сносат граѓаните кои ја поднеле иницијативата, а не општината.

 

Цената за издавање на тезгите на пазарот кои се сопственост на Општина Бутел се намалуваат од 1500 на 900 денари месечно. Намалувањето на цената е овозможено со промена на правилникот за издавање тезги која денеска беше изгласана на Советот на Општина Бутел. Станува збор за тезги на пазарите кои ги издава Општина Бутел. Исто така на денешната седница на совет беа прифатени иницијативите за изработка на Детални урбанистички планови за градска четврт СССИ06.05 и градска четврт Ц24.02 поднесени од граѓани кои имаат катастарски парцели, а не биле третирани со старата планска документација. Значајно за Општина Бутел е тоа што трошоците за нова планска документација ќе ги сносат подносителите на иницијативите, а не општината. Едната иницијатива е поднесена за домување, додека пак другата е за комерцијална дејност, лесна незагадувачка индустрија.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.