All for Joomla All for Webmasters

Младински разговори за проблемите со кои се соочуваат младите од Општина Бутел

Општина Бутел

Безбедноста во сообраќајот, хуманоста, здравата храна и рециклирањето беа истакнати на денешните Младински разговори во Општина Бутел, како области во кои младите наидуваат на проблеми. Проектот ,,Младите интегрирано делуваат локално,, треба да овозможи формирање платформа каде што гласот на младите ќе биде слушнат и ќе се потенцираат проблемите со кои тие се соочуваат.

 

Младински разговори на тема ,,Младите интегрирано делуваат локално,, се одржаа денеска во Општина Бутел во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. Целта на настанот е да им овозможи на младите ученици подобрување на културата на дијалогот, зајакнување на нивото на аргументираното говорење, поттикнување на општествена дискусија на релевантни теми и интеграција во општеството. Во прата фаза од проектот во Бутел се вклучени 4 училишта и тоа ОУ,,Ацо Шопов,, ОУ,,Панајот Гиновски,, ОУ ,,Петар Здравковски Пенко,, и ОУ ,,Живко Брајковски,, а проектот кој се спроведуваше три месеци овозможува да се слушнат младите, но и да имат придобивки во нивните заедници.


Градоначалникот Велимир Смилевски изрази задоволство што овој проект се одржува во Општина Бутел и ги повика млади да ги постават сите прашања што ги засегаат, но и да инсистираат да ги добијат сите одговори.


На настанот учество земаа повеќе од 100-тина ученици и наставници од основните и средните училишта вклучени во првата фаза на Проектот, кои дискутираа на теми што се од значење за младите од оваа општина. Наставничката од ОУ ,,Живко Брајковски,, Верче Петрова истакна дека ова е прекрасно искуство за учениците кои како проблеми кои може да се решат ги потенцирале безбедноста во сообраќајот, хуманоста, здравата храна и рециклирањето.


Со овој проект се формира платформа каде што гласот на младите ќе биде слушнат и ќе се потенцираат проблемите со кои се соочуваат младите.

 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.