All for Joomla All for Webmasters

Сообраќајниот метеж во Бутел останува се додека не се најде решение за дислокација на водоводната мрежа

Општина Бутел

Проблем со дислокација на водоводната мрежа е пречка за довршување на бул. Христијан Тодоровски Карпош поради кој секојдневно кај кружниот тек во Бутел се прават сообраќаен метеж со километарски колони, а револтот кај граѓаните е се поголем затоа што со месеци ова се случува, а градежни работи на терен нема.

 

Од градот пак велат дека проблемот е во тоа што во наделедениот проект не била предвидена дислокација на водоводната мрежа, па градски водовод работи на изнаоѓање решение затоа што проектантот не сака да соработува со градот.

 

Иако според најавите на претходната локална власт дека изградбата на бул. Христијан Тодоровски Карпош требаше да заврши до крајот на минатата година, градежните работи се прекинати, а револтот кај граѓаните е се поголем поради метежот во сообраќајот кој се прави кај кружниот тек во Бутел како единствено поврзување на општината со центарот на градот.


Градоачалникот на Град Скопје Петре Шилегов за закочената изградба на булеварот го посочи сериозниот проблем со водоводната инсталација, односно во проектот кој го наследиле од претходното раководство не била предвидена дислокацијата на водоводната инсталација на потегот каде што се одвиваа градежните активности во завршната фаза, по што треба требаше овој булевар да се поврзе со скопската обиколница и да се добие нова сообраќајна алтернатива за десетици илјади граѓани. Шилегов посочи дека додека технички не се надмине проблемот неможе да се продолжи со градежни работи, а проектантот не сака да соработува со градот, па затоа ЈП ,,Водовод и канализација,, работи на изнаоѓање решение за проблемот за да не се доведе во опасност водоснабдувањето за жителите од овој дел на општината.


Во меѓувреме додека трае оваа агонија со изградбата на булеварот, граѓаните од оваа општина секојдневно се заглавуваат во сообраќајниот метеж и револтирани затоа што не добиваат одговор од надлежните се обидуваат сами да истражат каде е проблемот и преку социјалните мрежи да побараат помош и мислење од градоначалниците на Град Скопје и Општина Бутел.


Тие поради километарските колони во сообраќајот кој се создаваат во утринските и попладневните часови бараат од градоначалникот на Општина Бутел да го отстрани песокот кој го блокира патот и да се овозможи возилата да се движат по тампон околу 30 метри кој потоа продолжува со новата делница на булеварот кој завршува и се спојува во Бутел 1 на ул. Натанаил Кичевишки од каде слободно може да се продолжи во било која насока кон Радишани или Бутел, а во спротивно самоиницијативно 10-20 луѓе ќе го отстранат песокот и ќе се направи патот прооден за сите кои сакаат да возат по тампон 30 метри. Одговор на објавата на социјалните мрежи даде и градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски, кој вели дека е сигурен дека за многу брзо време ќе биде пуштен булеварот до ул. Натанаил Кучевишки. Проектот за булеварското решение е на Градот Скопје.


Од Град Скопје велат дека не може да се затвори градежната целина бидејќи во тој дел не може во моментов да се изведуваат градежни инсталации, бидејќи ќе се доведе во сериозна опасност водоснабдувањето на граѓаните на тој дел од градот и очекуваат дека во наредниот период ќе биде надминат тој проблем со водоводот, со цел да се довршат градежните активности на булеварот ,,Христијан Тодоровски Карпош,,.

 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.