Детски ден на ликовната колонија „Љубанци 2018"

„Љубанци 2018"

Околу 20 најталентирани ученици од основните училишта во општина Бутел денеска ќе учествуваат на детскиот ликовен ден што се одржува во рамки на ликовната колонија „Љубанци 2018“. 


Како што информира општина Бутел, учениците ќе се дружат и ќе творат заедно со познатите уметници и ликовни педагози учесници на годинашната ликовна колонија „Љубанци 2018“. Се работи за ликовните уметници од Македонија и од странство: Данчо Ордев, Новица Трајковски, Илија Богоевски, Владимир Лазоски, Ристо Андреев, Боро Арсовски, Орце Гогов, Харалампие Манчев, Владан Ранѓеловиќ, Светислав Славковиќ, Наташа Радосављевиќ и др.


Ликовните уметници ќе ги одберат трите најубави детски цртежи кои ќе имаат привилегија да бидат претставени и наградени на ликовната изложба на делата создадени на годинашнава ликовна колонија „Љубанци 2018“.


Ликовната колонија денеска ќе ја посети градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.