Младите уметници во знакот на ликовната колонија „Љубанци 2018"

„Љубанци 2018"

Петтиот ден од ликовната колонија Љубанци 2018 денеска го одбележаа ликовните дела на учениците од основните училишта, кои својот талент го прикажаа на платно. Градоначалникот Велимир Смилевски им додели благодарници за учеството, како на учениците, така и на реномираните ликовни уметници од Македонија и странство.

 

Околу 20 најталентирани ученици од основните училишта во општина Бутел денеска беа дел од детскиот ликовен ден што се одржува во рамки на ликовната колонија „Љубанци 2018“. 


Учениците, покрај тоа што имаа можност да го покажат својот сликарски талент, исто така се дружеа и твореа заедно со познатите уметници и ликовни педагози учесници, од Македонија и странство на годинашната ликовна колонија „Љубанци 2018“, меѓу кои Данчо Ордев, Новица Трајковски, Илија Богоевски, Владимир Лазоски, Наташа Радосављевиќ и др.


Градоначалникот на општина Бутел, која е и покровител и организатор на ликовната колонија истакна дека е горд што еден ваков традиционален настан повеќе години опстојува во општината.

 

Ликовните уметници ќе ги одберат трите најубави детски цртежи кои ќе имаат привилегија да бидат претставени и наградени на ликовната изложба на делата создадени на годинашнава ликовна колонија „Љубанци 2018“.


При нашата посета на ликовната колонија имавме можност да забележиме импресивни цртежи насликани од младите уметници. Ги прашавме, што ги инспирира, и кога го откриле талентот во себе. Дел од нив неодамна почнале да сликаат, а други пак, уште од најмали.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.