Прв фестивал на лубеницата во Општина Бутел

Утре во Љуботен со почеток во 17:00 часот ќе се одржи првиот фестивал на лубеницата во Општина Бутел.

 


Четиринаесет производители на бостан од општината, ќе ги изложат своите производи во дворот на ОУ ,,Лиман Каба,, за што ќе им бидат доделени соодветни признанија.


Исто така, ќе има богата културно-уметничка програма, а присутните ќе можат да вкусат, освен љубеница и диња и повеќе специјалитети карактеристични за жителите од Љуботен.


Градоначалникот Велимир Смилевски ќе ја отвори оваа прва манифестација со која се слават летните слатки и освежителни плодови типични за Општина Бутел, лубениците и дињите, ќе ја отвори градоначалникот на општината Велимир Смилевски, а свое обраќање ќе има министерот за земјоделие, Љупчо Николовски и заменик-градоначалникот на Опшина Бутел, Наим Салиу.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.