Денеска прв фестивал на лубеницата во Љуботен
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 04 Јули 2018
Во Љуботен, општина Бутел, денеска ќе се одржи првиот фестивал на лубеницата.
Градоначалникот Велимир Смилевски ќе ја отвори оваа прва манифестација со која се слават летните слатки и освежителни плодови типични за Општина Бутел, лубениците и дињите.
Четиринаесет производители на бостан од општината, ќе ги изложат своите производи во дворот на ОУ „Лиман Каба“ за што ќе им бидат доделени соодветни признанија.
Од општина Бутел најавуваат и културно-уметничка програма, а присутните ќе можат да вкусат, освен љубеница и диња, и повеќе специјалитети карактеристични за жителите од Љуботен.
На овој прв фестивал на лубеницата, освен градоначалникот Велимир Смилевски, треба да се обрати и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс