Полицијата и граѓаните – заедно за поголема безбедност на Бутел

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со општина Бутел, ја започнаа кампањата за превенција од имотни деликти, која што е дел од проектот „Полицијата и граѓаните – заедно за поголема безбедност на Бутел“.

 

На граѓаните им беше поделен, едукативен материјал со совети како да се спречат провалните кражби во станови и куќи како и флаери од реализирани превентивни ативности и кампањи на полицијата на граѓаните. Како што информираат од Општина Бутел ваквата пракса ќе продолжи и во текот на летниот период, а освен тоа во соработка со локалната самоуправа ќе се одржуваат средби со граѓаните на кој истите ќе се едуцираат како да се заштитат од кривични дела во текот на летниот период, особено за време на годишните одмори, односно ќе се даваат совети како да се спречат провалните кражби во нивните домови, џебните кражби, разбојништва и тешките кражби во возила. Во текот на средбите од страна на полициски службеници од ПС ОН Бутел ќе се изврши дистрибуирање на плакати на куќните совети, месни и урбани заедници со цел нивно истакнување на видни места на објектите. Целта на проектот е подобрување на личната и севкупната безбедност, зголемување на безбедноста на имотите на граѓаните, намалување на бројот на извршени кривични дела, едукација на граѓаните за постапување при забележување на сторител на кривично дело како и градење на доверба и подобра комуникација на граѓаните и полицијата.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.