Реконструирана градинката „Корчагин"

Градинка „Корчагин"

Матичниот објект на најстарата градинка во општина Центар, „Корчагин“, по речиси четири децении е реконструиран.


Од општината соопштија дека децата, во објектот кој се наоѓа зад Градска болница, престојувале во несоодветни услови, прозорците и креветчињата биле стари и дотраени, фасадната столарија не била сменета цели 35 години, при што се губел голем дел од топлинската енергија и децата не биле соодветно заштитени од студ и провев.


Се посочува дека се поставени нови 102 модерни прозорци, како и шест коморни прозорци кои се енергетски ефикасни...и заедно со новите 18 поставени врати, градинката сега ги исполнува сите стандарди за енергетски ефикасен објект за престој на 240 деца и 40 воспитувачи.


Од општината посочија дека почитувајќи го начелото на транспарентно работење, заедно со Форумот на заедницата организирале граѓански форум на кој невладините организации и граѓаните изгласале токму реконструкцијата на матичниот објект на градинката „Корчагин“ да биде проект кој треба да биде поддржан.


Половина од средствата за реконструкција ги обезбедила општина Центар, а другата половина Фондација Отворено Општество Македонија.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.