Се реконструира ОУ ,,11 Октомври,, во Пролет

ОУ ,,11 Октомври,,

Во ОУ,,11 Октомври,, во населбата Пролет во тек е санација на сутеренските простории кои поради поплава биле надвор од употреба. Покрај овие две училници, ќе се изврши санација и на неколку кабинети.

 

Започна санацијата на сутеренските простории на основното училиште ,,11 Октомври,, во населбата Пролет. Како што информираат од Општина Центар, овој дел од училиштето беше оштетен од поплавата во 2015 година и од тогаш е надвор од употреба. Во училиштето се стругаат, глетуваат и молерисуваат ѕидовите, се бојадисуваат радијаторите и столаријата и ќе бидат заменети вратите. Уништените подови од ламинат ќе се заменат со винилна облога.

 

Покрај овие две училници, ќе се изврши санација и на кабинетите по музичко и ликовно, работилницата, архивата и три помошни простории. Градежни активности се одвиваат и во основните училишта ,,Св. Кирил и Методиј,, ,,Коле Неделковски,, и ,,Гоце Делчев,,, а до почетокот на учебната година треба да биде готова и анализата за квалитетот на водата и инсталациите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.