Мобилна апликација за паркиралиштата на ПОЦ

Апликација за паркиралишта

Корисниците на ЈП ,,Паркинзи,, на Општина Центар можат да ја симнат апликацијата за паркиралишта на своите смарт телефони која им овозможува преглед на повеќе услуги.

 

ЈП ,,Паркинзи,, на Општина Центар промовираше ново едукативно видео за мобилната апликација на ПОЦ. Како што наведуваат, апликацијата е едноставна за користење и преку неа ги добивате сите потребни информации во врска со паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар, преглед на корисничкиот договор како и информација за истекување на истиот, уплата на дневни паркинг карти, најава на гости, известувања и новитети. Апликацијата е достапна за Андроид и Ајфон и можете да ја симнете на Плеј Стор или Апп Стор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.