Се бара решение за проблемот со паркираните возила во Дебар маало

Протест во Дебар маало

По трагичниот настан во кој неодамна една повозрасна жена го загуби животот на улица во Дебар маало, се огласи и општина Центар, која директно беше нападната поради узурпирањето на тротоарите и претварањето во паркинг зони.

 

Оттаму информираа дека се бара решение со кое ќе се ослободат тротоарите од паркираните возила, а како соодветно решение во моментов го посочија монтажниот паркинг кој ќе биде поставен на просторот помеѓу општината и Министерството за одбрана, со влез и излез од улицата „Орце Николов“. Паркингот ќе обезбеди место за 270 до 290 возила. Ваквото решение е првиот чекор кон пренасочување на паркирањето и ослободување на тротоарите“, се наведува во соопштението, од општина Центар.

 

Од друга страна, Жителите на Дебар Маало реагираат на изјавата на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски во која тој вели дека проблемот со блокираните тротоари и нерешениот паркинг простор во оваа населба ќе го решава со изградба на монтажен паркин и поставување на заштитни столбчиња на улиците. Жителите ја поздравуваат оваа одлука, но велат дека ова решение е начин да се реши само дел од проблемот и дека е потребна изработка на студија, која значително ќе ја подобри состојбата со сообраќајот во Дебар маало.

 

Инсистираме дека мора да се изработат научни студии и стратегија за развој на маалото на кои ќе бидеме консултирани, мора да одговори на нашите анкетни забелешки и мора да престане со издавање дозволи за градба додека не се установи фактичката состојба“, се вели во реакцијата на Иницијативата Во одбрана на Дебар Маало.


Од таму го прашуваат градоначалникот Жерновски дали новата гаража е место за нови возила или за ист број само тргнати од тротоарите?

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.