Пет детски игралишта во Центар - адаптирани за децата со посебни потреби

Игралишта за деца со посебни потреби

Нови адаптирани лизгалки, клацкалки и реквизити за вежбање ќе бидат поставени на 5 постоечки постоечки детски игралишта на територијата на Општина Центар.


Адаптирањето подразбира оформување на простор со реквизити кои би биле достапни и за децата со инвалидитет, што ќе им овозможи безбедно да си играат, да се социјализираат и ќе им се овозможи поттикнувачка средина за правилен раст и развој.


Реализацијата на овој проект, кој е во интерес на децата со попреченост, е на Министерството за труд и социјална политика, во партнерство со Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија „Мобилност Македонија“ и Општина Центар.


Министерството ги обезбеди реквизитите, а општина Центар просторот. Адаптираните игралишта, според европски критериуми, ќе бидат достапни за децата со попреченост.


Целта на овој проект е да го подигне сознанието за различностите од најрана возраст и подигање на свеста за неопходноста од социјализирање и инклузија на овие деца.


Вакво игралиште веќе е адаптирано кај централниот парк во Капиштец, а ќе се постават и на игралиштата во Градски Ѕид - Агромеханика , Градски Ѕид - Автомакедонија , Градски Ѕид - Зелен Пазар и Капиштец - Зебра .





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.