Општина Центар да го укине зонското паркирање во Градски парк

Општина Центар

Од почетокот на 2017 година на улицата околу арената Филип Втори започна да се применува зонско паркирање, на што најмногу негодуваат граѓаните кои се редовни посетители на паркот. Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски упати апел до ПОЦ да го укинат зонското паркирање, на што од претпријатието велат дека не е исклучена можноста, доколку се согласат советниците на општина Центар.

 

Хаосот во градот со паркираните возила и неможноста да се најде слободно паркинг место е се поактуелна, и покрај изградбата на голем број катни гаражи, и паркиралишта. Се паркира и на тротоар, па дури и на коловозна лента, но сега за разлика од порано, сето тоа е во рамки на дозволеното, како резултат на зонското паркирање. Граѓаните незадоволни, велат за она што порано, пајак службата и сообраќајната полиција строго и безмилосно казнуваа, посочувајќи дека со тоа се нарушува безбедноста на пешаците, и се создава хаос во сообраќајот, сега е дзволено, но само под услов да се плати. Оттаму се доаѓа до впечаток дека првичната идеја на зонското паркирање да се реши проблемот со недостигот на паркинг простор единствено доведе до поголем профит на ЈП Градски паркинг и Паркинзи на општина Центар, а граѓаните, како и многу пати претходно си останаа со куси ракави.


Една од улиците на кои се воведе зонско паркирање е околу арената Филип Втори во градски парк, одлука која ги налути Скопјани, но и посетителите. Со воведувањето на зонско паркирање на оваа улица дополнително се отежнува семејниот буџет, и наместо често да се користи градскиот парк, како локација за прошетки, граѓаните, прво калкулираат со пресметките, а потоа се одлучуваат дали викендите ќе ги поминат во Градскиот парк.
Градоначалникот на Град Скопје, под чија што надлежност беше оваа улица до неодамна, упати јавен апел до општина Центар и ПОЦ, да размислат за укинување на зонското паркирање на улицата.

 

По упатенит јавен апел, се огласи и директорот на општина Центар, Саша Богдановиќ, кој истакна дека претпријатието не ја исклучуваа можноста за бесплатно паркирање во Градски парк, но само доколку за тоа се согласат советниците од општина Центар.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.