Општина Центар со мерки против гласната музика во објектите

Општина Центар

Во неколку кафе барови во Општина Центар констатирано е дека бучавата која доаѓа од нив ја надминува максимално дозволената граница. Од ОпШтина Центар информираат дека казните за одговорните и за правните лица ќе бидат изречени според позитивните законски прописи.


По налог на општина Центар, а по барање на жителите, овластена фирма изврши мерење на бучавата во кафе баровите „Интермецо“, „Бастион“ и „Џуси бар“ и констатирано е дека бучавата која доаѓа од нив ја надминува максимално дозволената граница. Од општината соопштија дека казните за одговорните и за правните лица ќе бидат изречени според позитивните законски прописи.

 

На пријава од граѓани, посочуваат од општината, овластен инспектор од општина Центар излезе на терен и утврди дека музиката која доаѓа од кафулињата им го нарушува мирот и сонот на жителите од околината. Од општината ги повикуваат сите жители на Центар да се вклучат и да помогнат во решавање на овој проблем, со тоа што ќе пријават гласна музика, за да можат инспекциските служби брзо да реагираат и да преземат соодветни мерки.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.