„Образование без пречки“ - проект на Центар и УНДП

„Образование без пречки“

Од 1-ви октомври во училиштата во Општина Центар започнува да се реализира проектот ,,Образование без пречки,, со кој ќе бидат обезбедени 15 лични асистенти за помош на децата со попреченост во развојот.


Општина Центар, во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување, започнува проект „Образование без пречки“ во основните општински училишта. Општината потпиша меморандум за реализација на проектот со кој ќе бидат обезбедени 15 лични асистенти за помош на децата со попреченост во развојот.


Ангажираните лица се невработени, а на учениците во текот на целата работна недела, по четири часа во текот на денот, ќе им пружаат помош при движење низ училиштата, помош при користење на дидактички материјал во текот на наставата и при извршување на училишните обврски, како и олеснување на комуникацијата на учениците со наставниците, информираат од Општина Центар.


Со реализација на проектот се очекува 15 ученици, кои имаат наод од лекар и согласност од родителите, да остварат подобар успех при совладување на наставниот материјал, да им биде олеснет процесот на интеграција и да се зголеми свесноста кај останатите ученици за потребите на децата со попречености.


Асистентите ќе примаат месечен надоместок од 6.200 денари, а проектот започнува на 1 октомври и ќе трае до 10 јуни, односно до крајот на учебната година.


За асистентите ќе биде организирана неколкудневна обука за запознавање со детето, училиштето, наставниот кадар и опкружувањето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.