Акција за чистење на ромската населба во Стара Топаана

"Мрдни со Прст"

Волонтерска акција за чистење на отпадот под улицата „Самоилова“ во Стара Топаана, разубавување на просторот за играње и поставување контејнери за ѓубре, организираат денеска Мрдни со Прст, Црвениот Крст на Република Македонија и локалните жители.

 

Целта на оваа акција насловена „Разубави го просторот за играње заедно со локалното население од Стара Топаана“ е обид да се понуди трајно решение за проблемот со кој се соочуваат жителите на оваа стара ромска населба.


- Станува збор за разубавување и чистење на просторот за играње под улицата „Самоилова“. На просторот кој првично бил наменет за  детска игра и забава, сега е насобран отпад што не само што го блокира местото на децата за игра, туку претставува и потенцијален извор на зараза, велат организаторите. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.