12 уреди за прочистување на воздухот ќе бидат донирани од Ротари клубот за градинката "13 Ноември"

Општина Центар

Советниците на општина Центар - Скопје денеска ја прифатија донацијата од 12 уреди за прочистување на воздухот, кои се наменети за Јавната установа за деца, Детската градинка "13 Ноември" во општина Центар.


Поради големата загаденост на воздухот и можноста за подобрување на амбиенталниот воздух што го дишат децата во текот на нивниот престој во градинка, Ротари клуб Скопје - Камен Мост ќе донира 12 прочистувачи на воздух за потребите на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар "13 Ноември"-Скопје, со кои значително би се подобрил квалитетот на воздухот и би се намалил ризикот за заболување на дишните патишта на децата.


Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ на седницата информираше дека започнува зимскиот период каде загаденоста е голема, една од мерките која што меже да се искористи е со вакви процистителни апарати да се влијае за подобрување на квалитетот на воздухот на децата.


Претседателот на Ротари клубот информираше дека уредот кој ќе биде поставен во градинката еден од подобрите уреди на пазарот и е наменет за училници до 70м2 и е наменет да прави пет измени на воздухот во еден час.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.