Чист воздух за најмладите – донација од Ротари за градинката “13-ти Ноември“

Градинка “13-ти Ноември“

Ротари клубот Скопје – Камен Мост денеска на Денот на ослободување на Скопје, донираше 12 прочистувачи на воздух за децата од центарската градинка “13-ти Ноември“.

 

Иван Новаковски, претседателот на Ротари клубот – Камен Мост кажа дека нивната мисија е да се помогне онаму каде што е најпотребно, особено кај најранливата категорија – а тоа се децата. Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ нагласи дека општината ќе продолжи со слични акции во кои прочистувачи на воздух ќе бидат поставени во сите градинки и училишта во Центар, со цел да се обезбедат најдобри услови за младите.


Овие уреди кои ќе бидат поставени во сите 12 простории за престој на децата ќе го прочистуваат воздухот со што ќе се намали изложеноста на најмалите на загаден воздух и отровни честички.


Град Скопје е на трето место на градови со најзагаден воздух во Европа. Загаденоста со ‘PM’ е сериозна закана за сите што се изложени на него, но најопасен е за децата, на кои што респираторните органи им се во развој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.