Започна доградбата на ООУ "Гоце Делчев" во општина Центар

Доградба на ООУ "Гоце Делчев"

Општина Центар ја почна доградбата на основното училиште "Гоце Делчев" на површина од 532 м2. Учениците ќе добијат шест нови училници, три помошни простории, а дел од зафатот и поставување на лифт за деца со инвалидност и пречки во развојот.

 

Со реконструкцијата, училиштето ќе има сутерен, приземје и два спрата и многу подобри услови за образование. Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ рече дека ова училиште Ќе биде современо и училиште по највисоките европски стандарди.


Директорката на училиштетот, Наде Молеровиќ, се заблагодари за поддршката од општина Центар и рече дека ова училиште ќе биде центар на радоста, животот и образованието.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.