Многу промени во Општина Центар со новиот градоначалник

Општина Центар

Изградба на нова градинка во Маџир Маало, изградба на два монтажни паркинзи, реконструкција на фасадите на училиштата и градинките се дел од проектите за кои ќе бидат предвидени средства во Буџетот за наредната година во Општина Центар. Покрај ова градоначалникот Саша Богдановиќ на денешниот брифинг најави и промена во начинот на паркирањето, односно на сервисните и станбените улици ќе имаат право да паркираат само станарите, додека пак на останатите поголеми паркинзи цената ќе биде зголемена и до 50%.

 

Комплетна ревизија и проверка на неколку споменици и објекти од проектот Скопје 2014, Буџетот на Општина Центар за 2018, нов сообраќаен режим на територија на цела општина, мерки за намалување на загадувањето, ова се дел од работите кои денеска градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ ги истакна на брифингот со новинарите. Тој истакна дека во моментов се врши проверка на неколку објекти од проектот Скопје 2014, Ќосето, Мајка Тереза, Градската куќа заедно со хотелот и мостото ,,Око,, и најави дека се што е незаконски изградено ќе биде отстрането. Во однос на Буџетот за 2018 година Богдановиќ најави дека во општината за прв пат ќе се носи Буџет во две фази и ќе се крои заедно со граѓаните, граѓанските здруженија и невладините организации. Еден од приоритетните проекти во 2018 година ќе биде воведувањето на нов сообраќаен режим, зони на мирно возење и ограничување на дотур на стока. Тој посочи дека паркирањето на сервисните и станбените улици ќе биде ограничено само за станарите, додека пак големите паркинзи ќе бидат достапни и за граѓаните од другите општини, но по зголемена цена и тоа како што истакна градоначалникот цената на паркингот би можела да се зголеми и за 50%, а паркинзите кај Нова Македонија, Парк и Холидеј ин ќе бидат под нивна ингеренција.


Во Буџетот за наредната година кој ќе биде помал од претходниот затоа што ќе се отстранат некои средства за кои непотребно се трошеле средства ќе бидат предвидени средства за реконструкција на фасадите на училиштата и градинките , како и на некои стари згради во Пролет, Дебар Маало и спроти Кјуби.


Наредната година ќе започне и изградба на нова градинка во Маџир Маало и два монтажни паркинзи со што ќе се ослободат тротоарите. Во насока на мерките против загадувањето Богдановиќ истакна дека веќе се започнати преговори со БЕГ за приклучување кон централнито грење и на оние маала кој досега не биле приклучени, и заедно со рестрикциите во паркирањето во Центар и со забрана за изведување на градежни активности во деновите кога воздухот е загаден ќе се придонесе кон намалување на загаденоста. Во таа насока Богдановиќ најави дека во наредните неколку месеци нема да потпишува одобренија за градба се додека не се усвојат правилниците со кои ќе се стави ред во урбанистичкото дивеење. Општина Центар исто така во насока на кратење на дел од трошоците, нема да троши пари за прославата за дочекот на Новата година, но со спонзорства повторно ќе има забава, но поинаква од досегашните и исклучиво само со македонски изведувачу, а средствата во висина од 6 милиони денари кои биле предвидени за тоа ќе се пренаменат за зголемување на чистотата во општината и социјалната помош.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.