Општина Центар парите наместо за ,,Скопје 2014,, ќе ги намени за училишта и градинки

Буџетскиот форум во Општина Центар

Граѓаните и невладините организации активно дискутираа со своите предлози за приоритетни проекти кои треба да влезат во програмите и буџетот на општина Центар за 2018-та година. Градоначалникот на општината Саша Богдановиќ истакна дека парите наместо за проектот ,,Скопје 2014,, ќе ги намени за училиштата и градинките.

 

Во Општина Центар се одржа првата сесија на буџетскиот форум за планирање и донесување на Буџетот на Општина Центар за 2018 година, кој треба да биде развоен и домаќински, според потребите на современото живеење, но и според желбите и интересите на жителите на општина Центар. Градоначалникот на општината Саша Богдановиќ истакна дека во наредниот период преку новодонесените ДУП-ови некои работи ќе се вратат во нормала и како што вети, ќе се гради според потребите на граѓаните. Тој истакна дека ќе се заложат средствата наменети за проект ,,Скопје 2014,, да се искористат за училишта, градинки, зеленило и за социјални потреби.


Градоначалникот нагласи дека особена грижа во општината се води за најмладите, па така ќе се догради основното училиште “Гоце Делчев“, со што ќе се зголеми капацитетот за140 ученици. Сите училишта и градинки на територијата на општина Центар ќе бидат реконструирани, а децата ќе ги добијат најдобрите услови за престој, образование, воспитување и учење. И во наредниот период продолжува фасадирањето на зградите, со тоа што тие ќе добијат енергетски ефикасни фасади и голема заштеда, ќе се субвенционира поправањето на крововите, за што се прават напори за добивање грант.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.